Програма за Изградба и Одржување на Локални улици и патишта 2015
Започна реализацијата на Програмата за изградба и одржување на локални улици и патишта за 2015 година.
Според Програмата усвоена од страна на Советот на општина Босилово за 2015 година предвидени се следните активности:
– изградба на улица во с. Секирник со вкупна должина од 291 метри и ширина на коловозната лента од 3,5 метри,
– изградба на улица во с. Сарај со вкупна должина од 180 метри,
– крпење на ударни дупки на локалните улици и патишта и
– зимско и тековно одржување.