Програма за изградба и одржување на локални улици
Во склоп на Програмата за изградба и одржување на локалните улици и патишта за 2016 година во општина Босилово – денес се спроведоа активности за поправка на оштетени делови од локалните патишта и улици во атарите на населените места: Иловица, Штука и Радово. Во наредните денови ке бидат санирани и во останатите локални патни правци во општина Босилово.