ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА„СОНЦЕ“ВО НОВО СЕЛО
ОДРЖАНА ПОЧЕТНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „СОНЦЕ“ ВО НОВО СЕЛО
На ден 17.01.2017 година во Хотел „Медите“ с.Поленица, општина Сандански,Р.Бугарија се одржа почетната конференција на која беше презентиран проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување на подобра средина во детските градинки“ во рамките на Програмата Интеррег – ИПА за прекугранична соработка Р.Бугарија – Р.Македонија 2014-2020,ССI №2014ТС1615СВ006. Партнери во овој проект се општина Сандански и општина Ново Село.
Конференцијата беше отворена од страна на градоначалникот на општина Сандански г-дин Кирил Котев и градоначалникот на општина Ново Село г-дин Блажо Велков.
На оваа конференција присутни беа проектните тимови и од двете општини, директорката и вработените од Детска градинка „Сонце“ Ново Село, општина Ново Село, директорката и вработените од Детска градинка „Зорница“ с. Дамјаница, општина Сандански, родителите на децата кои престојуваат во градинките како и многу други заинтересирани граѓани. Истата беше медиумски покриена.
Пред присутните беа презентирани целите на проектот, целните групи кои ќе бидат опфатени во проектот, активностите кои се предвидени во проектот како и тоа што сé ќе се опфати со реконструкцијата на двете детски градинки.
Реконструкцијата на детската градинка „Сонце“ Ново Село треба да започне почетокот на месец Април 2017 година и да заврши до крајот на месец Септември 2017 година и со истата е предвидено подобрување на постоечката изолација со поставување на нова термо фасада, отстранување на азбестниот покрив и замена со нов лимен со термо изолација, замена на старите врати и прозорци со поставување на нови ПВЦ врати и прозорци, поставување на соларни колектори за производство на топла вода, нова енергетска ефикасност со ЛЕД диоди, исто така ќе бидат подобрени и системите за водовод и канализација, што ќе доведе до зголемување на енергетската ефикасност и во двете детски градинки и зачително подобри услови за најмладите кои престојуваат во нив.
Проектот е во вкупна врдност од 396.861,18 евра, од кои за општина Ново Село се 197.066,01 евра а за општина Сандански се 199.795,17 евра.
Времетраењето на проектот е 24 месеци, односно од 17.10.2016 до 17.10.2018 година.