Продолжуваат градежните активности во Струмица
Во рамките на Програмата за работа на Општина Струмица, денес продолжи реализацијата на дел од предвидените проекти во делот на уличната инфраструктура. Според зборовите на Тодор Граматиков – раководител на Одделението за комунални дејности, денес продолжија градежните активности на асфалтирање со втор слој на улицата ,,Братство Единство“ по што ќе следува асфалтирање со втор слој и на улицата ,,Браќа Миладинови“.Паралелно со овие активности, финишираат подготвителните работи за поставување на бекатон плочки на дел од тротоарот од улицата ,,Вардарска“ на површина од 290 метри квадратни. За реализација на овој градежен зафат се обезбедени 500.000 денари од Буџетот на Општина Струмица.