Продолжува тампонирањето на полските патишта и улиците во населените места
На барање на граѓаните општина Струмица продолжува со тампонирањето на полски патишта и улици во населените места. По тампонирањето во Муртино, Добрејци, Просениково, денеска се тампонираше во населеното место Градско Балдовци. Тампонирањето се врши со крупен песочен материјал кој на жителите им овозможува полесен приод до потребните места.