Продолжува проектот „Здрав оброк за секое дете“
Проектот „Здрав оброк за секое дете“ продолжува и второто полугодие од оваа учебна година. Започна да се спроведува во октомври минатата година и со него се опфатени околу 5 илјади ученици од прво до деветто одделение во сите основни општински училишта кои секој работен ден за ужинка добиваат овошје.
Градоначалникот Коста Јаневски, кој што е и иницијатор на проектот, а чија цел е создавање здрави навики во исхраната уште од најрана возраст, денеска, ги посети учениците во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во населеното место Дабиле.
Учениците денеска уживаа во бананите потврдувајќи ја оправданоста на овој проект којшто е финансиран од буџетот на општина Струмица.