Претставници од Светска банка ја посетија општина Василево
Заради обезбедување средства од Светска банка за изградба на две улици, по една во населените места Пиперево и Нова Маала, денес претставници од Светска банка ја посетија општина Василево. Беа остварени одделни средби со градоначалникот на општината г-дин Ванчо Стојанов, членови на општинскиот совет, граѓани од двете населени места, директорт на ЈПКД „Турија“ Василево, г-дин Леонардо Николов и општинската администрација. Целта на разговорите е заради утврдување на приоритетите и потребите на граѓаните во областите кои се под ингеренција на општината, односно утврдување на реалните потреби од изградба токму на овие две улици.
По разговорите во кабинетот на градоначалникот, претставниците од Светска банка беа на терен, за да можат на лице место да направат увид во фактичката состојба.
Од општината очекуваат денешната средба во најкратко време да даде резултати, односно позитивен одговор, како би можеле да започнат и со конкретни активности околу реализирање на двете улици.
Ви населеното место Пиперево станува збор за улицата која од центарот води кон црквата. Нејзината должина е 244 м. и истата треба да биде со атмосферска канализација. Должината на улицата во населеното место Нова Маала изнесува околу 390 метри и истата треба да биде со канал од едната страна со што ќе се реши проблемот со одводнувањето. Техничката документација за овие две улици е веќе изготвена и нивната реализација ќе зависи од одговорот на Светска банка.