Претставници од Општина Струмица го чествуваа празникот Успение на Пресвета Богородица
По повод денешниот голем христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“, Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, во придружба на пратеникот во Собранието на Република Македонија, Панче Орцев и претставници од Општина Струмица, присуствуваа на традиционалното празнично чествување во црковниот храм во изградба, „Успение на Пресвета Богородица“.
На свеченоста, претставници од МПЦ ОА – Струмичка Епархија на чело со Протојереј Ставрофор – Васе Гоцевски, во чест на празникот, го извршија традиционалното благословување на славската погача. Домаќинка (кума) на овогодинешното чествување беше Зорица Масникоса Поп – Трајкова, а кумството за следната година го презеде Анастас Цамбулев. Претставниците на Општина Струмица присуствуваа и на традиционалниот ручек во црквата „Свети Петнаесет“, кој секоја година, во чест на денешниот празник, се одржува со благослов на Неговото високо преосвештенство, Митрополитот струмички, Господин Наум.