Претставници на општина Струмица учествуваа на завршната конференција „Културни акции за унапредување на општините“
Претставници на општина Струмица учествуваа на завршната конференција на тема „Културни акции за унапредување на општините“, а во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“ која што се одржа во Скопје. Општина Струмица е дел од овој проект, а на конференцијата Софче Јанева од Одделението за локален економски развој ги презентираше заклучоците за усвоените Локална стратегија и Акциски план за култура 2017-2020. Проектот се реализираше со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија и здружението на граѓани Центар за развој на локалната демократија од Скопје, а финансиран преку инструмент за претпристапна помош од Европската Унија. Со изготвувањето на Стратегија за култура, уште еднаш се потврдуваат сериозниот однос и максималната поддршка на општина Струмица кон културата и нејзините носители.