Прес на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица

Денеска во Струмица, се одржа и прес на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица. Струмица Денес интегрално ви го пренесува говорот од пресот.

Почитувани,

Денес сакаме да ја искажеме нашата загриженост за неодговорното работење на на градоначалникот Заев. Веќе подолго време тој е надвор од Струмица, а како резултат на тоа целосно ја запостави функцијата градоначалник. Не се реализираат проектите кои ги вети, а во општинските институции владее вистински хаос. Но, тоа не го спречува обилно ги користи ресурсите на општината за партиско – политички цели.

Во оваа прилика нема да зборуваме за тендерите, партиските вработувања и слично, туку ќе осврнеме на користењето на вработените во општинските институции и нивното носење на партиски протести низ Македонија организирани од СДСМ. Тоа е недозволиво и дрско однесување кон вработените кои наместо да си ги извршуваат работните задачи за кои се платени, извршуваат партиски цели.

Прашуваме, дали овие луѓе кои се вработени во општинските институции и претпријатија, навистина работат работат таму или се на работа низ партиските штабови на СДСМ?

Дали вработените како Кирил Ангелов, Љупка Цветкова, Kрум Смилков, Сузана Тасева кои земаат плата од општина Струмица, работат во општината или во штабот на СДСМ во Скопје?

Го повикуваме Заев да престане со неодговорното однесување и да ја извршува функцијата градоначалник, да престане да ги користи вработените во општинските институции како бројка на СДСМ.

Напишете коментар