Прес на Коста Јаневски
Почитувани граѓани на општина Струмица,
Преостануваат уште шест денови до денот кога треба со својот глас да ја определите насоката по која ќе продолжи да се движи и развива нашата Струмица.
Дали тоа ќе биде патот на прогресот, сплотеноста и заедништвото како и досега или почеток на некаква нова ера без јасен патоказ како понатаму.
Затоа, вашиот избор на 15-ти октомври е лесен: ЗАОКРУЖЕТЕ ГО БРОЈОТ 19 и дозволете ми мене и на Советот да продолжиме да ја градиме Струмица, општина на сите граѓани и град препознатлив по својот развој и грижа за граѓаните.
Во изминатиот период, од почетокот на кампањата, секојдневно сме меѓу вас и ви ја презентираме нашата програма и визија за наредните четири години.
За идниот развој на општина Струмица нудиме многу проекти. Над дваесет капитални објекти планираме да реализираме во претстојниот мандатен период, и стотина други помали проекти кои се од интерес за сите граѓани во Општината.
Ќе градиме по план, ќе обезбедиме инфраструктура за сите, чиста вода и здрава животна средина, повеќе пари кај граѓаните и ќе ги намалиме разликите меѓу градската и селски средини. Ќе работиме посветено и одговорно.
Почитувани пријатели,
Струмица беше и останува симбол на демократијата и на желбата за слободно граѓанско општество во Македонија, но и Општина која била, е и секогаш ќе биде прва.
Општина на СИТЕ и општина во која ЌЕ ИМА ЖИВОТ ЗА СИТЕ!