Прес на Група Граѓани од Куклиш за Изгорениот Културен Дом
Жителите на Куклиш бараат од градоначалникот на Струмица Зоран Заев да го исполни даденото ветување за реконструкција на опожарениот дом на култура. Тие велат дека Заев две години им ветувал и ги лажел жителите на Куклиш.
По пожарот тој им ветил дека општината ќе изгради нов и модерен дом на културата за што на барање на граѓаните во општинскиот буџет предвидел 6 милиони денари, но не го исполнил ветувањето.
„Изборите во 2014 поминаа, а парите беа повлечени. Заев домот на културата го користи како предизборен маркетин и постојано манипулира со него. Тој ниту со малиот прст не мрднува да го реализира она што го ветил. Заев е рекордер по дадени и неисполнети лажни ветувања. Најмалку на што посветува внимание е Струмица. Него едноставно го нема тука каде што е најпотребен и каде што граѓаните го плаќаат за да работи“ – вели Костадин Шолев, жител на Куклиш.
Граѓаните од Куклиш не реагираат за прв пат за ветени, а нереализирани проекти од страна на струмичкиот градоначалник. Минатата недела група граѓани од него побара да биде изградена детската градинка која им била ветена уште пред шест години.
Преземено од Струмица Денес