Премиерата на „Златна петорка“ ќе се одржи на 13 август, денот кога студентите го загубија својот живот

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“во режија на Горан Тренчовски е во завршна пост-продукциска фаза и домашната премиерна проекција ке се одржи на 13 август во Струмица.Денот кога петте млади студенти го изгубија животот.Голема чест ке ни преставува што овој голем филмски проект својата премиера би ја започнал од градот Струмица,по навика сите македонски филмови своите премиери ги започнале од главниот град Скопје,но ние сакаме да ве информираме дека нашиот,вашиот долгоочекуван филм ке започне премиерно да се емитува од градот Струмица.

Интересот кај публиката уште од сега е огромен.
филмот ќе присуствуваат на маркетот на Канскиот филмски фестивал каде се закажани средби со потенцијални дистрибутери и претставници на светски фестивали.Се надеваме дека долгометражниот филм “ЗЛАТНА ПЕТОРКА” во режија на Горан Тренчовски ке побуди интерес и кај големите филмски фестивали.
Strumica Portal

Напишете коментар