Преку „Систем 48“ решени 1.676 проблеми на граѓаните во 2017 година
Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во минатата 2017 година биле решени 1.676 проблеми од вкупно 1.803 пријави. Останатите 127 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 1.278, од областа на собирање смет 191, водовод и канализација 162, паркови и зеленило 138, општински инспекциски служби 16, улици, патишта и тротоари 12 и контакт оператор 6.
Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентосноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми. Затоа од таму апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може веднаш да се интервенира до надлежните општински служби и да се решаваат проблемите и им се заблагодаруваат на граѓаните за користењето на услугите на овој сервис.