Предлог Десерт-Едноставен Колач со Јаболка и Гриз
Ви се најавија гости, и сакате да припремите десерт со кој ќе ги изненадите а воедно и нема да ви одземе многу време. Наш предлог е да приготвите колач со јаболка и гриз.
Потребни состојки
 1 јајце
 1 лажица гриз
 1 лажица шекер
 1 лажица мелени ореви
 2 лажици изрендени јаболка
 1/2 прашок за пециво и малку цимет
 1/2 лажица масло
 1/2 лажица млеко
 Подготовка
 Сите состојки треба да се измешаат и да се стават во тепсија која е подмачкана, и намачкана со брашно.Сето тоа треба да се пече на 180 степени оклу 45 минути. Потоа може да ставете глазура од чоколадо. Имајте добар апетит.

