„Предизвик за млади истражувачи“
Во салата на Советот во домот на АРМ денеска се одржа инфо – сесија по објавениот повик „Предизвик за млади истражувачи“ за креирање на истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука.
На сесијата учествуваа претставници на основните и средните училишта од регионот. Целта на иновацискиот натпревар е да се поттикнат наставниците и учениците да ги препознаат своите способности и да изготват предлог проекти кои ќе бидат парично наградени од Фондот за иновации и технолошки развој. Средствата што ќе ги добијат училиштата ќе можат да ги искористат за опремување на кабинетите и за набавка на лабараториска и друга опрема.
Јавниот повик ќе биде отворен до 31.03.2019 година.
Минатата година на првиот повик беа наградени два проекта на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица.