„Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Во просториите на Центарот на Заедниците во Струмица, денеска се одржа обукна на тема „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Обучувач на ова обука беше Наде Наумовска од ФООМ. Присутните таа ги запозна со домашната и меѓународната рамка со која се регулира слободниот пристап до информации од јавен карактер, потоа се дискутираше за најсоодветните стратегии за мониторинг на јавните политики со помош на пристап до информации од јавен карактер, а преку практични вежби, учесниците креираа барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Оваа обука е дел од работниот план на Центарот на заедницата на општина Струмица, во склоп на концептот „Општина по мерка на граѓаните“, поддржан и финансиран од ФООМ, во партнерство со Општина Струмица.