Пратеникот Спасов побара Заев да преспива во зградта на општина Струмица
Душан Спасов, член на Советот на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција повторно побара градоначалникот Заев да свика седница и да даде одговор на многу прашања.
Интегрален текст од прес конференцијата:
„Минатата недела граѓаните на општина Струмица преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица го повикаа Заев да се појави и да се соочи со сите нас. Но, наместо да дојде и да се соочи со граѓаните, Заев постојано бега.
Таканаречениот градоначалник им должи на струмичани многу одговори на секојдневните обвинувања за тешки корупциски скандали во кои тој и неговата тајфа се главните фаци.
Заев бега од одговорноста да даде одговори на многу прашања и бега од обврската да биде во служба на струмичани и да ги решава проблемите на општина Струмица.
Наместо да го работи она за што е платен, од парите на граѓаните, нему му е поважно да си прави пикник во шатори пред Владата и да постира слики по социјалните мрежи.
Таквото неодговорно однесување македонската политичка сцена не памети.
Почитувани граѓани, со жалење мораме да констатираме дека со таквото негово однесување, Струмица ја стави на столбот на срамот и е предмет на потсмев во државата и регионот.
Ако барем малку има чувствоство за одговорност таканаречениот градоначалник веднаш да дојде во Струмица и да почне да преспива во зградата на Општина Струмица и да се занимава со проблемите на струмичани.
Воедно го повикуваме Заев под итно да свика седница на Советот на општина Струмица и да даде одговор на многу прашања кои ги мачат граѓаните на општина Струмица. Доколку не го направи тоа во најкраток рок, потребно е да има доблест и да си даде оставка“ – изјави Спасов.