Потпишан договор за изградба на пристапен пат во Колешино
Градоначалникот на Општина Ново Село г-дин Блажо Велков, потпиша договор за изградба и асфалтирање на пристапен пат од Колешино до Колешински водопад со управителот на фирмата ДГТ Жикол ДООЕЛ – Струмица г-динот Никола Пандев. После спроведената јавна набавка како најповолен понудувач е избрана фирмата ДГТ Жикол ДООЕЛ – Струмица. Вредноста на проектот е 11.518.305,00 денари. Вкупната должина на овој пат е 1291 метар и ширина 4 метри со банкини од 1 метар ширина од двете страни на коловозот. Предвидено е и изградба на паркинг простор со асфалтирање на површина од 330 м2 и изградба на бетонски риголи и земјени канафки за одводнување на патот во должина од 540 метри. Средставата се обезбедени од АФПЗРР од Програмата за рурален развој за 2015 година.