Потпишан договор за изградба на повеќенаменско спортско игралиште
Градоначалникот на општина Ново Село г-дин Блажо Велков, потпиша договор за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во населеното место Дражево со управителот на фирмата ДГПТУ Градба МиА ДООЕЛ -Струмица. После спроведената јавна набавка како најповолен понудувач е избрана фирмата ДГПТУ Градба МиА ДООЕЛ – Струмица. Вредноста на проектот е 1.710,764 денари, средставата се обезбедени од Буџетот на општина Ново Село. Овој проект се реализира по барање на младите од оваа населено место. Проектот ќе обезбеди услови за спорт и рекреација на сите заинтересирани граѓани од овој дел на општина Ново Село.