Поставено е осветлување на улицата „Ѓорѓи Василев“ кај старите турски гробишта
Од денеска е осветлен делот на улицата „Ѓорѓи Василев“ на потегот од улицата „Киро Абрашев“ до булеварот „Маршал Тито“, односно, кај старите турски гробишта. Овој зафат го реализираа јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“. Претходно, „Комуналец“ изврши оградување на просторот на старите турски гробишта со метална ограда.