Поставени се 24 летниковци во градот и населените места
Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ продолжуваат со реализацијата на проектот за уредување на паркови површини во градот и населените места, а на кои што граѓаните ќе можат да одмараат и да се релаксираат. Во рамките на оваа активност, деновиве, заврши поставувањето на летниковец на улицата „Јанко Цветинов“ број, а во фаза на поставување е на улицата „Браќа Миладинови“. Досега се поставени вкупно 24 летниковци во заедничко партнерство меѓу граѓаните и Општината. Со цел истите да им служат и на следните генерации, општина Струмица потпиша меморандум за соработка, чување и одржување на летниковците со куќните совети и месните заедници.