ПОРАКА започна со реализација на програмата за 2016,„Поблиску до народната традиција“
ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица на 17.05.2016 г. (вторник) во просториите на Социјалниот клуб на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица, спроведе работилница под наслов „Поблиску до народната традиција“, која е во рамките на Годишната програма за работа за 2016 година, а која програма ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица ја спроведува со финансиска поддршка на Општина Струмица. Работилницата беше во заедничка соработка со членовите од Младинскиот Клуб на Општинската организација на Црвен крст – Струмица.
Оваа активност има за цел приближување на народната традиција до лицата со интелектуална попреченост. На работилницата се изработуваа ракотворби, цртежи и се бојаа глинени вазни со фолклорни мотиви, со цел поттикнување на потенцијалот за самостојно изразување.