ПОРАКА продолжува со реализација на Годишната прграма, финансирана од Општина Струмица – „Поблиску до народната традиција“
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА – Струмица (ЦПЛИП ПОРАКА –
Струмица) летниот период спроведе неколку спортски активности, а продолжи и со континуираните активности
во Социјалниот клуб.
Најпрво, членовите на Социјалниот клуб при ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица се рекреираа на базенот
Аквариус во Струмица. Исто така, членовите беа во посета и на Дојранското Езеро. Лицата со интелектуална
попрченост имаат потреба од постојани физички активности за развивање на мускулатурата, а посетата на
базенот и Дојранското Езеро, дружбата и пливањето ја поттикнаа визио–моторната перцепција и координација и
развивањето на мотoриката на лицата со интелектуална попреченост. Спротско-рекреативните активности се
добар метод и за подигање на јавната свеста и подобрување на состојбата кај лицата со интелектуална
попреченост.
Континуирано се реализираат и едукативно-креативни работилници, кои се дел од Годишната програма за
работа за 2016 година, а која програма ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица ја спроведува со финансиска поддршка на
Општина Струмица. Овие работилници имаат за цел приближување на народната традиција до лицата со
интелектуална попреченост. На работилниците се изработуваат ракотворби, цртежи и се бојат глинени вазни со
фолклорни мотиви, со цел поттикнување на потенцијалот за самостојно изразување. На повеќето работилници,
поркај креативната работа, членовите се запознаваат со македонските фолклорни инструменти, народни носии и
основните македонски народни обичаи и традиции. Исто така, се реализираат и континуирани актвности со
членовите кои вклучуваат едукативни и социјални активности кои имаат за цел развој на когнитивните
способности (развој на мислењето, поттикнување на помнењето, фокусирање и насочување на вниманието),
поттикнување на визио–моторната перцепција и координација, стимулирање на креативноста и сл.
Годишната програма за работа за 2016 год. финансиски е овозможена од Општина Струмица преку V2
Програмата за социјална заштита на Општина Струмица за 2016 година – трнасфер до НВО.