Поради интервенции од „Струмичко поле“ прекинато е водоснабдувањето во горниот дел на градот и шест населени места
Поради интервенции од страна на водостопанското претпријатие „Струмичко Поле” на браната Турија, односно, заради дефект на главен пропусен затворач ќе биде прекинат дотурот на необработена вода до Фабриката за вода во Струмица.
Од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека веќе е прекинато водоснабдувањето во горниот дел на градот и во населените места Добрејци, Просениково, Дабиле, Градско Балдовци, Баница и Водоча од 7 часот и ќе трае до 7 часот утре (четврток), а во градот вода ќе нема во периодот од 17 часот до 22 часот.
Од „Комуналец“ се надеваат дека сите планирани активности ВП „Струмичко поле“ ќе ги заврши во предвиденото време и со тоа ќе допринесе прекинот во водоснабдувањето да биде во најавениот период.