Поради градежни активности на градскиот плоштад привремена забрана за динамички и статички сообраќај
Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ и дел од улицата „Б.Ј.Мучето“ (од крстосница со ул.„Сандо Масев“ до објект ДТВ „Партизан“ и „Градски парк“) ќе бидат забранети за динамички и статички сообраќај (пристап до станбени објекти, достава на стока до деловни објекти и др.) за моторизиран сообраќај во периодот од 18.12.2015 година до 23.12.2015 година со цел за изведување на градежни активности – санација на гранитна подлога.
Ги молиме сите жители на општина Струмица и останатите за разбирање и почитување на ова известување со цел успешно да се реализираат градежните активности.