Поради дефект ќе биде прекинато водоснабдувањето на дел од улицата „Гоце Делчев“
Поради дефект на водоводната линија од 9,30 до 12 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Гоце Делчев“ на потегот од улицата „Балканска“ до улицата „Маршал Тито“. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека се работи на отстранување на дефектот.