По прв пат се организираше риболовен куп на вработените во ЈПКД Комуналец
Недела 20.08.2017 година на браната Водоча во организација на Основната синдикална организација при ЈПКД Конубалец во соработка со ДООЕЛ Фишнет Струмица, подржано од риболовното друштво Бистро од Струмица се организираше риболовен куп во кој учествуваа вработените од ЈПКД Комуналец. Во опуштена атмосфера се натпреваруваа 13 вработени од повеќе сектори, трето место освои Митко Танчевски, второто место го освои Ѓоко Костадиновски, а шампион на првиот риболовен куп за кого организаторите ветуваат деке ќе постане традиција е Русе Филиповски. Организаторите изразуваат посебна благодарност до помагатителите на настанот Кожувчанка ДОО и Цермат.