По десетти пат Ден на празот во о.Василево
Општина Василево и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата Ден на празот која ќе се одржи во Недела на 05 ноември со почеток во 11,00 часот. Местото на настанот, како и сите години наназад, останува непроменето – дворот на црквата Св. Никола во с. Градошорци.
Организаторот, локалната самоуправа од Василево, интензивно се подготвува за оваа веќе традиционална манифестација со која се промoвира празот и Градошорци и општина Василево како подрачје во кое оваа по многу нешта специфична култура, најдобро успева.
Во оваа прилика општина Василево и градоначалникот Марјан Јанев упатуваат отворена покана до сите граѓани, во недела на 05 ноември да дојдат во Градошорци и изворно да ги почувствуваат сите вкусови на празот.