„Планетум“ уреди јавна површина на улицата „Максим Горки“со поддршка од општина Струмица
Граѓаните кои што живеат на улицата „Максим Горки“ број 47 добија уредена површина наменета за игра и релаксација. На овој јавен простор поставени се сет од клупи и маси, саксии и канти за отпад, а е и хортикултурно уреден.
Уредувањето е во рамките на проектот „Зелена граѓанска акција во Струмица“, во организација на еколошкото здружение „Планетум“, а поддржан од општина Струмица преку програмата за поддршка на невладиниот сектор за 2015 година. Во неговата реализација се вклучени и одделението за заштита на животната средина и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.