Петти Родокрајни Поетски Средби
Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ на 25 јуни 2015 година, четврток, со почеток во 17:00 часот во прекрасниот предел на Колешинските водопади на планината Беласица, односно во ресторанот кој се наоѓа недалеку од водопадот ги организира петтите по ред „Роднокрајни поетски средби“.
Во една речиси нова, но проверена атмосфера, со желба да постане традиција, веќе петти пат е организиран овој настан кој е важен за сите оние кои се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен и вечно актуелен жанр во литературата, со сите негови мани и убавини, кај секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред струмичката публика.
Со уште едно ново издание на „Роднокрајните поетски средби“, организаторот докажува дека има тенденција да стане препознатлив настан за промовирање автори од Струмица и пошироко, а доколку и вие сакате да учествувате или бидете гости на овој мал јубилеј кој се обележува на една специфична локација, чувствувајте се слободни да ни пишете на организиратот (e-mail [email protected]) и да се информирате како да присуствувате.
Ќе се организира превоз од центарот на општина Струмица еден час пред настанот, односно во 16:00 часот, уникатен настан на кој поезијата ќе се сплоти со природата во суштинска смисла на состојбата и амбиентот, повелете да другаруваме и да го направиме овој ден и настан за паметење.
Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.