Педесет и петтата седница на Советот на општина Ново Село
Денес на 31.10.2016 година, Советот на општина Ново Село ја одржа педесет и петтата седница на чиј дневен ред беа осум точки:
1. Извршување на буџет на општина Ново Село од 01.01.2016 до 30.09.2016год.
2. Предлог – Одлука за измена на распоредување на средства на буџетот на општина Ново Село.
3. Предлог –Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за села во општина Ново Село за 2016 година за село Борисово.
4. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за села во општина Ново Село за 2016 година за село Колешино.
5. Предлог – Одлука за разрешување и именување на член на Управниот одбор на Дом на култура “Јане Сандански” – Ново Село.
6. Решение за именување и дополнување на Решението за иманување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ “Сонце” – Ново Село бр. 08-2623/1 од 02.09.2015.
7. Улогата на општина Ново Село во зачувување на животната средина и негативни влијанија и начини на заштита на граѓаните од истите пред и после отварањето на “ЕУРОМАКС”.
8. Разгледување на молби и барања.