“Патот до хуманоста, солидарноста и универзалноста”ПХВ Проект на Црвен Крст
Во рамките на ЦКА-ПХВ програмата се одвиваше ПХВ проект “Патот до хуманоста, солидарноста и универзалноста”. Лидер на овој проект е младата волонтерка Ирена Мучева,нејзина цел е да се информира што е можно поголем број на граѓани и истите да бидат упатени како полесно да стигнат до просториите на Црвен крст.
За да го започне овој проект неа ја поттикна тоа што таа од порано сакала да волонтира во Црвен крст но ја спречило тоа што не била доволно информирана и не знаела каде се наоѓа Црвен крст.
Но секојдневно во Црвен крст имаат потреба да дојдат и останатиот дел од граѓаните. Овде спаѓаат кандидатите за прва помош кои треба да присуствуваат на предавањата и обуките, но заради недоволната упатеност често се случува да задоцнат, а некои од нив воопшто и не се појавуваат па подоцна сакат да закажат друг термин.
Како и другите Општини така и ООЦК Струмица организира кампови на кои доаѓаат млади волонтери од други градови кои не се доволно ориентирани и на потежок начин стигнуваат до просториите на Црвен крст. Секако овде спаѓаат и граѓаните на кои им е потребна социјална помош, како и оние кои што сакаат да донираат но поради горенаведената причина не можат да се снајдат и да стигнат до нас.
Заради таа причина ние на сите граѓани им излеговме во пресрет и се обративме до Арт Медија каде Мери Јанчева нас ни излезе во пресрет и ни помогна да се постават 3 знаци кои покажуваат во кој правец и на колку метри оддалечаност се наоѓа Црвениот крст. Знаците беа поставени од екипата која беше испратена од Арт Медија на ден 23.04.2016.
Сакаме да упатиме голема благодарност за советот што ни го дадоа вработените од Урбанизмот комунални дејности и градежно земјиште во сопственост на Република Македонија и од таму не упатија до Миле Милановиќ кој е менаџер во Арт Медија и тој не упати до Мери Јанчева која од почеток до крај не поддржа и ни помогна да добиеме знаци.
Исто така голема благодарност и до директорката на Јавните Паркиралишта Верица Узунова која ќе ни помогне во означување на влезовите со електронски табли преку кои граѓаните исто така ќе бидат упатени каде се наоѓа Црвен крст.
Доколку не беа сите оние кои не поддржаа и ни помогнаа желбата на нашиот лидер не ќе можеше да стане реалност.