Паркот во Градошорци комплетно завршен
Деновиве заврши комплетната изградба на паркот во населеното место Грдошорци, кој заради местоположбата има значење не само за жителите на ова населено место туку и за жителите на населените места Едрениково, Требичино, Градошорци, Седларци, Ангелци и Вељуса. Паркот е лоциран токму меѓу патиштата кои водат за овие населени места, во близина на Домот на културата во Градошорци.
„Изградбата на овој парк значи подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните. Се надевам дека ќе си го најде своето место во секојдневието на поголем број граѓани поради неговата фреквентна местоположба“ изјави градоначалникот на општина Василево г-ди Ванчо Стојанов кој очекува граѓаните добро да се грижат за овој простор бидејќи истиот е заедничко катче за одмор и рекреација на сите граѓани.
Вкупнаат површина на паркот изнесува околу 350 м2, уредени во форма на амфитеатар, опремени со урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, бехатонски патеки и зелени површини. Осветлувањето со канделабри му дава дополнителна убавина и можност за релаксација и во ноќните часови.
Средствата за оваа инвестиција во висина од околу 750 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на селата.
Изведувач на целокупните активности беше фирмата Евроградба Инженеринг од с. Владиевци