„Паркиралишта Струмица“ поставува заштитни столпчиња на дел од тротоарите во градот
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ започна со поставување на заштитни столпчиња на тротоарите на неколку локации во градот за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Поставувањето на столпчињата започна од тротоарот на улицата „Ванчо Китанов“ од страната на основното општинско училиште „Сандо Масев“, а продолжува на улиците „Панче Пешев“ кај медицинскиот центар, „24-ти Октомври“ кај ЈПКД „Комуналец“ и на „Братство Единство“ на потегот од булеварот до Народна техника.
Од ЈП „Паркиралишта Струмица“ велат дека со поставувањето на заштитните столпчиња ќе се спречи паркирањето на моторните возила на тротоарите на овие критични места со што ќе се овозможи безбедно движење на пешаците.