Пандев повторно во националниот дрес
Новиот македонски селектор го искористил слободното време за да отиде во Џенова, од каде ја потврдил феноменалната информација дека поранешниот капитен Горан Пандев повторно ќе им се врати на репрезентативните обврски и дека ќе биде еден од предводниците на квалификациите за СП во Русија.
– Среќен сум што повторно ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со новиот селектор и подготвен сум да се вратам во националниот тим. Помина долго време од мојот последен настап за Македонија и искрено воопшто не ми беше сеедно. Напротив, тешко ги поднесував сите случувања поврзани со репрезентацијата, но тоа е период кој е зад нас. Сега имаме сосема друга цел. Да се обединиме и да се обидеме да бидеме успешни. На секоја репрезентацијата и треба поддршка, верувам дека заеднички ќе успееме да ја подигнеме мотивираноста и квалитетот, – изјавил напаѓачот на Џенова за официјалната веб-страна на македонската фудбалска федерација.