„Отворени денови со советниците од одделните комисии на Советот на Општина Струмица
Центарот на заедницата на општина Струмица во рамките на својот годишен план за 2016 година ќе ја спроведе активноста „Отворени денови со советниците од одделните комисии на Советот на Општина Струмица“, и тоа со Комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на децата.
Настанот ќе се одржи на 2 јуни 2016 г. во Дом на АРМ Струмица со почеток во 18.00 часот. На настанот ќе бидат поканети сите членови на Советот на општина Струмица, здравствени работници, лекари и медицински персонал, вработените во општинската администрација, претставници на граѓанскиот сектор, претседателите на месните и урбаните заедници на општина Струмица, а настанот ќе биде отворен и за сите заинтересирани граѓани на општина Струмица.
Говорници ќе бидат членовите на Комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на децата:
д-р Кирил Николов, Претседател на Комисијата
д-р Тинка Стојанова, член на Комисијата
д-р Методи Витанов, член на Комисијата
д-р Коста Јаневски, член на Комисијата
д-р Катерина Кузмановска, член на Комисијата.
Комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на децата ги разгледува прашањата што се однесуваат на здравствената заштита, социјалната заштита и заштитата на децата.
Целта на настанот е да се доближи работата на Комисијата до граѓаните, да се запознаат со работата на Комисијата, но и да се овозможи граѓаните да се вклучат со свои предлози, како и во носењето одлуки на локалната самоуправа. Веруваме дека реализацијата на оваа активност ќе придонесе за зголемување на транспарентноста, учеството на граѓаните во работата на Општината и кон промоција на работата на Советот. Граѓаните би имале можност да даваат предлози и идеи до советниците, а со тоа и советниците одблизу ќе се запознаат со проблемите со кои граѓаните се соочуваат, a се однесуваат на здравствената заштита, социјалната заштита и заштита на децата.
За дополнителни информации и/или прашања Ви стоиме на располагање на е-пошта [email protected] или тел. 034/334-117.