Отворен ден со советниците во Центарот на заедницата

Во Четврток во салата на Советот на општина Струмица, Центарот на заедницата организираше „Отворен ден со советниците од Комисијата за култура, образование и спорт на Општина Струмица”.
Катерина Кузмановска, претседател на Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на Општина Струмица, членовите на Комисијата Ацо Ѓоргиев, Миро Топчев и Петар Божинов, просветниот инспектор во општина Струмица, Зоран Узунов, општинскиот инспектор за спорт, Ристо Секулов и проектниот координатор во Центарот на заедницата на Општина Струмица, Мими Николиќ, дадоа свое видување за работата на Комисијата и нејзината соработка со училиштата и претставниците од Одделението за образование и просветниот инспекторат.
Целта е да се доближи работата на Комисијата до граѓаните, кои ќе можат да им постават прашања на присутните претставници од Комисијата и од општинската администрација, како и да дадат свои предлози за подобрување на работата на Општина Струмица во делот на културата, образованието и спортот.
Мими Николиќ од Центарот на заедницата го презентира извештајот од првата фаза на истражувањето кое се спроведе со учениците од осмо и деветто одделение од Општина Струмица, Општина Босилово, Општина Василево и Општина Ново Село, со нивните родители како и со наставниот кадар во сите средни општински училишта од Струмица за помалата и поголема застапеност на одредени занимања во средното стручно образование во средните општински училишта во Струмица, степенот на нивната атрактивност и промоција на помалку атрактивните струки.
Истражувањето се работеше приближно два месеци, подготовка, теренско истражување и обработка на добиените податоци. Добиените резултати од истражувањето ќе послужат да се согледаат состојбите во средното образование и обука во општина Струмица и врз основа на тоа да се изнајдат најсоодветните решенија кои ќе придонесат за зголемување на неговата ефикасност и компатибилност со пазарот на труд.

 

DSCN0775 DSCN0776 DSCN0777 DSCN0778 DSCN0788 DSCN0795

 

 

Напишете коментар