Книжевна средба „Дијалози за книжевните светови“ во Младинскиот центар во Струмица

Во Младинскиот центар во Струмица синоќа се одржа книжевна средба под наслов „Дијалози за книжевните светови“, организирана од здружението на граѓани „Иван Василевски“. Настанот ги собра љубителите на пишаниот збор кои имаа можност да го запознаат творештвото на универзитетските професори и писатели Весна Мојсова-Чепишевска и Трајче Стамески. Дискусијата беше фокусирана на нивните дела „Ина“ и „Немам страв“, како и на прашања поврзани со книжевноста, уметноста и современите општествени предизвици. На средбата присуствуваше и Таше Пефќев, претставник на општина Струмица. Тој истакна дека Општината постојано ќе обезбедува поддршка за иницијативи кои го збогатуваат културниот живот, ја поттикнуваат книжевната мисла и овозможуваат нови можности за културна размена.

Извор: Општина Струмица | Фото: Општина Струмица

Напишете коментар