Отворен ден со членовите на Советот на општина Струмица
Здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА
СТРУМИЦА Струмица Ве поканува на настан „Отворен ден со новите членови
на Советот на општина Струмица“ на 18.12.2017 г. (понеделник) со почеток
во 18 часот во Сала на Совет, во Дом на АРМ – Струмица.
Оваа активност е во соработка со Советот на општина Струмица и
општинската администрација, а е дел од програмските активности на
Центарот на заедницата на општина Струмица во рамки на проектот
Институционална поддршка за 2017 г., финансиски овозможен од Фондација
Отворено општество – Македонија.
На настанот ќе бидат поканети сите членови на Советот на општина
Струмица, вработени во општинската администрација, претставници на
граѓанскиот сектор, претседателите на месните и урбаните заедници на
општина Струмица, а настанот ќе биде отворен и за сите заинтересирани
граѓани на општина Струмица.
На настанот свое обраќање ќе има Претседателот на Советот на Општина
Струмица, кој ќе ја опише работата на Советот, а исто така и ќе ги
претстави новоизбраните претседатели на на одделните комисии формирани
во рамките на Советот.
Целта на настанот е да се доближи работата на Советот и Комисиите до
граѓаните и да се овозможи граѓаните да се вклучат со свои предлози,
како и во носењето одлуки на локалната самоуправа. Веруваме дека
реализацијата на оваа активност ќе придонесе за зголемување на
транспарентноста, учеството на граѓаните во работата на Општината и кон
промоција на работата на Советот. Граѓаните би имале можност да даваат
предлози и идеи до членовите на Советот на општината, а со тоа тие и
одблизу ќе се запознаат со проблемите со кои граѓаните се соочуваат, a
се од делокругот на нивната работа.
Настанот е од отворен тип и на него може да присуствуваат сите
заинтересирани граѓани.