Отчет на градоначалникот Стојанов за четиригодишната работа
Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, преку медиумите, се обрати пред своите сограѓани и даде отчет за сработеното во изминатите четири години.
Почитувани сограѓани!
Реализацијата на секоја идеја, секој проект, секое ново дело е камче во мозаикот наречен Општина Василево – мозаик кој е резултат на максимални залагања, ангажирање на сите потенцијали, многу креативност и целосна посветеност во исполнување на целите и поставените задачи.
Конкретни дела е максимата од која нема отстапки, максима која гарантира успешна реализација на започнатите активности, која гарантира видливи резултати од кои бенефит имат сите граѓани во заедницата.
Реализираните проекти во изминатите 4 години реконструкци, изградби, асфалтирања, урбанизаци, во организација или подршка на одредени настани или манифестации се произлезени од предлозите и идеите на сите граѓани на Општина Василево, проекти во функција на подобрување на секојдневието на целокупното население.
Како резултат на сите тие идеи и приоритети беше пуштен во употреба системот за водоснабдување во населено место Чанаклија. За снабдување со здрава и чиста вода за 160 домаќинства за ова населено место.
Во оброзаванието кое има клучна улога во развојот и формирањето на младите личности вложени се вкупно 39 600 000 денари за: изградба на ново училиште во село Едрениково, целосно е реконструирано училиштето во населено место Чанаклија, реконструирано е училиштето во населено место Радичево, поставено е парно грење во училиштата во Добрашинци, Нова Малаа, Чанаклија и Сушево, целосно се реконструирани тоалетите во училиштето Гоце Делчев во Василево.
Спортот и рекреацијата беа постојано во фокусот на активностите на Општина Василево.
Изградено е повеќенеменско игралиште во Седларци, повеќенаменско игралиште во Дукатино, повеќенаменско игралиште во Ангелци двојно тениско игралиште во Ангелци а во тек е изградбата на такво игралиште во Добрашинци. Како резултат на ваквите залагања Општина Василево вложи околу 10.000.000 денари а ако кон тоа ги додадеме проектите за изградба на спортска сала и големо фудбалско игралиште финансирани од владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе се види дека имаме доволно вложено во спортот и спортската инфраструктура.
Изградбата на детската градинка Прва Радост во Василево преставуваше и прва радост за најмалите од нашата Општина. Беа финансирани 180.000 евра обезбедени од ИПА програмата за преку гранична соработка со Р. Бугарија. Дополнително на тоа беше финансирана и пристапната патека и паркингот до самата градинка.
Изградбата односно повразувањето на населените места со Општинскиот центар со асфалтирани патишта на сите населени места е веќе завршена.
Асфалтиран е патот од Радичево до Дукатино, патот Добрашинци – Висока Малаа а во тек повразувањето на населено место Чанаклија со Нова Малаа.
Асфалтирани се улици во Ангелци, Висока Малаа, Сушево, Владевци, Добрашинци, Седларци, Нова Малаа, Радичево, Дукатино за пристап до манастирски комплекс, Пиперево и повеќе улици во индустриската зона или вкупно изградени се патишта и улици со вкупна должина од 17.000 метри во износ од 155.000.000 денари.
Одведувањето на отпадните води е еден од проблемите кои ќе остане приоритет и во наредниот период.
Изграден е поројот во населено место Сушево во должина од 1200 метри и решен е долгогодишен проблем. Изграден е главниот колектор од Ангелци до главниот реципиент и два крака во Ангелци, главниот колектор во Пиперево и еден крак од канализационата мрежа или вкупно канализација во должина 23км и 400метри во вредност од 52.200.000 денари.
Индустријата и развојот на економијата ќе останат и понатаму врвен приоритет за привлекување на инвеститори во Општина Василево. Со поволностите кои се дават на сите оние кои ќе инвестират во општина Василево и понатаму ќе продолжиме да бидеме магнет за сите оние кои сакат да градат свои капацитети.
Општина Василево има свои 4 индустриски зони на поврашина од 140 хектари и за краток период ќе бидат изградени уште многу капацитети во овие индустриски зони. Дополнително на тоа во моментот е во финална фаза донесувањето на урбанистички план за нова индустриска зона и проширени урбанистички планови за населените места Владевци, Градашорци, Ангелци, Василево и Пиперево.
Магистралниот пат покрај индустриската зона е целосно осветлен и овозможени се сите содветни услови за привлекување на инвеститори.
Контиунитетот за развојот на Општина Василево треба да продолжи и во иднина а единица мерка за успех како и до сега да биде квалитетот на животот на сите граѓани на општина Василево.