Осмомартовски марш на Форумот на жени на СДСМ во Струмица 08.03.2016 | 15:02
Форумот на жени на СДСМ денеска организираше осмомартовски марш во Струмица. Точно на пладне поворката тргна од градскиот плоштад „Гоце Делчев“ до крајната дестинација малиот градски парк каде што ги пречека градоначалникот и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Градоначалникот и претседател на СДСМ, Зоран Заев им го честита празникот на сите жени, како што рече, без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било припадност.