Општинската администрација и во денешната крводарителска акција ја потврди својата хуманост
Општина Струмица, денеска, во Заводот за трансфузиона медицина ја спроведува 22-та крводарителска акција. Акцијата е традиционална, а се реализира по повод новогодишно – божиќните празници. Според досегашниот одзив, општинската администрација и денеска ја потврди својата хуманост и солидарност во спасување на нечиј човечки живот. Општина Струмица оваа крводарителската акција ја реализира во соработка со Црвениот крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина. Покрај вработените во општинската администрација, во акцијата можат да се вклучат и граѓаните кои сакаат да даруваат од својата драгоцена течност за да спасат нечиј човечки живот. Акцијата ќе трае до 14 часот.