Општината Василево асфалтираше улица во с. Владевци
Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Владевци. Улицата чија должина изнесува околу 400 метри се наоѓа во горниот дел од селото познат како старо Владевци. Ширината на улицата е околу 4 метри, со банкини од по половина метар и канали за прифаќање на атмосферските води. Заради конфигурацијата на теренот и потребата од премостување на атмосферскиот канал изграден е и армирано бетонски пропуст. Со асфалтирањетто на оваа улица жителите кои живет во овој дел од Владевци а кои поради лошото инфраструктурно поврзување беа речиси отсечени од останатиот дел на селото, сега ќе добијат квалитетно поврзување со центарот и со ново Владевци.
Вкупната инвестиција изнесува околу 2 400 000 денари. Средствата се грант обезбеден од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови, а истите се администрираат според правилата на Светска банка.
Изведувач на работите е градежната компанија „Гранит“.