Општина Василево со најголема искористеност на средства од АФПЗРР

logoa

Со околу 800 000 евра средства добиени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год. Василево е општината која има најголема искористеност на средства од оваа Агенција. Преточени во проекти овие средства го добиваат нивното вистинско значење. Регулација на поројот во населеното место Сушево и улицата покрај поројот, изградба на дел од фекална канализација во с.Владевци, изградба на улица во с. Доброшинци, улица во с. Ангелци како и една улица во индустриската зона во Градошорци се проектите со кои се менува ликот и се подобруваат условите за животво населените места на општина Василево. Трите населени места: Ангелци, Градошорци и Владиевци ќе добијат урбанистичко планска документација токму со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год.
Дел од проектите се реализираат, а за дел од нив договорите се потпишани и набргу ќе започнат активностите на терен.
Општина Василево, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно преку Програмите за 2012, 2013 и 2015 година, има обезбедено средства за проекти во вкупна вредност од околу 1,5 милиони евра. Пешачката патека што води кон училиштео во с. Ангелци, по еден мост во с. Сушево и с. Нова Маала, фекална канализација во с.Пиперево, фекална канализација во с.Ангелци, реконструкција и ревитализација на улица од центар до основно училиште во с.Пиперево со атмосферска канализација, улица во с.Добрашинци и улица во с.Дукатино за пристап до манастирски комплекс се инфраструктурните проекти кои ги подобрија условите за живот на граѓаните во населените места на општина Василево.
„ Намалување на разликата во условите за живеење меѓу руралните и урбаните општини, односно подобрување на условите во селските општини со што стануваат попривлечни како место за живеење за нивните граѓани, посебно за младите, чии стандарди и критериуми се многу високи е еден од ефектите кои се постигнуваат, благодарение на средствата обезбедени токму преку оваа Агенција“, изјави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, кој потенцира дека инфраструктурата, како патна така и комунална, е областа која апсорбира најмногу средства, поради што значењето на поддршката од Агенцијата, посебно за руралните општини чии буџети најчесто се скромни е од огромно значење за нивниот развој.

Напишете коментар