Општина Василево потпиша договори за два инфраструктурни проекти

Изградбата на улицата покрај Сушевскиот порој во с. Сушево и изградба на улица 5 во индустриската зона КО Градошорци, се двата проекти кои општина Василево ќе започне набргу да ги реализира. Имено, денес градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и претставник од фирмата изведувач ги потпиша договорите кои и практчно значат почеток на градежните активности на овие две улици.
Улицата во с.Сушево е со должина ид околу 1 200 метри и е паралелна со поројот чија изградба е во тек. Ширината од 5 метри ќе биде надополнета и со бехатонска пешачка патека, а осветлувањето со канделабри ќе го заокружи целокупниот како практичен така и естетски и визуелен аспекта на селото кое во невремето од 2013 година претрпе најголеми штети во инфраструктурата. Планираните средства за оваа улица се околу 17 000 000 денари
Улицата 5 во индустриската зона КО Градошорци е со вкупна должина од околу 500 метри, пешачка бехатонска патека со ширина од 1,5 мети, како и осветлување. Оваа улица ќе се поврзе со неодамна асфалтираната улица во т.н Варваричка маала со што условите за стопанисување на сите оние кои имаат купено градежни парцели се оптимизираат и овозможуваат одличен старт за нивните активности. Буџетот за изградбата на оваа улица е околу 12 000 000 денари.
Финансиските средства за двете улици се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год.
2

5

Напишете коментар