Општина Василево ќе учествува на манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“

Општина Василево ќе биде дел од манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“
По тој повод вчера, во просториите на општината беше потпишан договор со кој се регулираат меѓусебните права и обврски при реализација на активностите за манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ – манифестација во која учество ќе земат и деца од општина Василево.
16650359_10206370587943322_177330430_n

Договорот беше потпишан од страна на градоначалникот г-дин Ванчо Стојанов и г-дин Игор Карадајевиќ од Друштвото за уметничка продукција Еуропијан Капитал Адвајзорс менаџмент ДООЕЛ, Скопје.
16651842_10206370587183303_1402171640_n

Целта на манифестацијата е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти во Македонија, промоција на интеркултурноста, толеранцијата, рамноправноста на половите, почитување на човековите права , различностите, соработката и доживотното учење. Манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ е осмислена во согласност со Европската повелба за учество на младите во животот на општинско и регионално ниво, како и со белата книга на ЕУ за младите.
16652795_10206370587743317_510048301_n
Според директорот за Македонија во ритамот на Европа,г-дин Игор Карадајевиќ, ова е голема вест што конечно после 6 години постоење и реализирање на овој проект конечно се во Македонија и ќе започнат токму со дечињата од општина Василево. Тој на крајот упати порака до другите општини во државата да се чуваат од дечињата од Василево, бидејќи тие заедно со градоначалникот и директорките на училиштата на големо се спремаат да победат во оваа манифестација.
Градоначалникот Стојанов истакна дека е посебно горд и благодарен што меѓу 20 те општини кои се избрани се наоѓа и општина Василево и се надева дека токму дечињата од Василево ќе бидат дел од финалето а можеби и победници на оваа манифестација, бидејќи во општината имаа многу талентирани дечиња.

Напишете коментар