Општина Василево ќе ја одржи Втората форумска сесија

На 26.10.2015 година (понеделник) со почеток во 18,00 часот, во големата сала на мотелот Мис Стон во Василево, општина Василево во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) при Амбасадата на Швајцарија во Р.Македонија и Единицата за координација на форумите (ЕКФ), ќе ја одржи Втората форумска сесија од Буџетскиот форум.

На седницата ќе бидат презентирани предлозите кои произлегоа од работните групи на Првата форумска сесија, по што ќе следува дискусија и усвојување на истите.

Во рамки на работата на оваа сесија ќе биде даден и преглед на планираните и реализираните приходи на општина Василево за тековната 2015 година заклучно со 30.09.2015 година, како и проекција на приходите на општина Василево за наредната 2016 година, по што граѓаните ќе можат да дискутираат и да даваат свои предлози. .

Општина Василево упатува отворена покана до сите свои сограѓани да се вклучат во работата на сесијата и на тој начин да учествуваат во креирањето на Буџетот на општина Василево за наредната 2016 година.

 

Напишете коментар