Општина Василево го организира традиционалниот Марш до Варварица
Во недела на 25 октомври 2015 год. во организација на општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица, ќе се одржи традиционалниот марш до с.Варварица. Повод е одбележување на годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко. Годинава се навршуваат 71 година од нивното формирање.
Поаѓањето е во 08 часот од пред градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во с. Василево во истото време.
Превозот е организиран со автобусите на Струмица Експрес и истиот е бесплатен.