Општина Струмица во проект за зајакнување на мирот и безбедноста
Македонско женско лоби подржано од Амбасадата на Обединетото Кралство во Македонија спроведува проект „Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” во кој учествува и општина Струмица. Проектот има за цел да придонесе за развивање на свеста за заложбите на НАТО алијансата кон регионалната безбедност, градењето на мирот и довербата при имплементирање на резолуцијата на ОН 1325.
За таа цел, денеска, во просториите на Дом на АРМ во Струмица се одржа работилница на тема „Резолуција на Генералното Собрание на Обединетите нации 1325 жени, мир и сигурност и локалната самоуправа”. На работилницата присуствуваа претставници од локалната самоуправа, Советот на општина Струмица и невладиниот сектор. Учесниците на оваа работилница се запознаа со основите на Резолуцијата 1325, важноста на истата во рамките на локалната самоуправа која има клучна улога во развивање на свеста кај граѓаните за мир и безбедност како и предизвиците за понатамошното имплементирање на истата.